Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска соопшти дека разговарал со министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан и дека решението на конфликтот во Газа може да биде само засновано на две држави.
– Разговарав со Амир Абдолахиан за ситуацијата во Газа и на Западниот Брег. Решението може да биде само политичко, засновано на две држави. Мораме да спречиме какво било регионално ширење на конфликтот. Апелирав до Иран да го искористи своето влијание и активно да работи на избегнување на каква било натамошна ескалација во регионот – истакна Бореил на платформата „Икс“ (Твитер).
Иран вчера предупреди на „израелско воено проширување“ во регионот доколку, според Техеран, „израелската армија продолжи да врши воени злосторства против Палестинците“ во опколениот Појас Газа и окупираниот Западен Брег. Абдолахиан по разговорот со Борел зборуваше за израелските напади врз Појасот Газа – соопшти Министерството за надворешни работи на Иран.
– Доколку не бидат запрени воените злосторства извршени од израелскиот режим во Газа и на Западниот Брег, опсегот на војната во регионот веројатно ќе се продлабочи и прошири – рече Абдолахиан.