Фото: Архива

За време на одржување на Министерскиот самит на ОБСЕ, односно во среда (29.11.2023 година) јавниот превоз на ЈСП во Скопје ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред.
Во четврток (30.11.2023 година), автобусите ќе возат по саботен возен ред, информираат од ЈСП.
Сите билетарници и центри за персонализација во среда (29.11.2023 година) ќе работат од 6.30 до 13 часот, а во четврток (30.11.2023 година) нема да работат.
Жичарницата сите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Утре, вторник (28.11.2023 година) од 9 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

УТРЕШНИ ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

Линии 8 и 15А
• од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59
• наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118
• од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.