Македонската фудбалска репрезентација со пораз се враќа од Олимпико. Селекцијата на Италија забележа победа од 5-2, во претпоследното коло, во Ц групата за пласман на Европското првенство во Германија. Јани Атанасов беше двоен стрелец за Македонија.
Италија успеа да се израдува на натпревар против Македонија, oткако момците на Благоја Милевски одиграа лошо прво полувреме во кое примиja три гола, кои на крајот се покажаа како пресудни за поразот.
Домаќинот одлично ја имаше анализирано играта на македонскиот состав и не дозволи да си ја повтори грешката од Палермо, сервирајќи слатка одмазда, за уживање на фановите на „Олимпико“ во Рим.
Англија која ја победи Малта со 2-0 води на табелата со 19 поени, Италија и Украина имаат по 13, Македонја остана на седум, а Малта веќе ги заврши квалификациите без освоен бод.
Во понеделник Македонија ќе ја пречека Англија, а Украина и Италија во меѓусебниот дуел ќе решат која репрезентација ќе игра на ЕП.