Фото: ЕПА

ФОРМУЛА 1 – ПРЕД ТРКАТА ВО ЛАС ВЕГАС

Се­га тре­ба да ги про­ве­ри­ме сите дру­ги ка­па­ци на шах­ти­те, за што ќе би­де по­треб­но извесно вре­ме. Ди­ску­си­и­те за си­те можни сце­на­ри­ја се во тек, ре­че порт­па­ро­лот на ФИА

Пр­ви­от тре­нинг за го­ле­ма­та на­гра­да на Лас Ве­гас (САД) бе­ше отка­жан по де­вет ми­ну­ти, отка­ко Карлос Са­инц удри во ка­па­кот на шах­та­та што се отка­чи. Ал­пин на Есте­бан Окон бе­ше оште­тен на ист на­чин пред да се пре­ки­не се­си­ја­та. Проб­ле­ми­те со ка­па­ци­те на шах­ти­те на па­те­ка­та во Лас Ве­гас се „ед­но­став­но не­при­фат­ли­ви“. Бо­ли­дот на Са­инц има оште­те­на ша­си­ја, мо­тор и ба­те­ри­ја, ште­та­та „ќе чи­ни це­ло бо­гат­ство“ и ќе ја пропушти вто­ра­та се­си­ја до­кол­ку се слу­чи. Шо­у­то е го­ле­мо и мно­гу сум сре­ќен со она што сопс­тве­ни­ци­те на Ф1 го на­пра­ви­ја око­лу тр­ка­та, но мо­ра­ме да ги од­во­и­ме шо­у­то и спорт­ска­та стра­на – ве­ли тим­ски­от шеф на Фе­ра­ри, Фре­де­рик Ва­сер, пи­шу­ва „Би-би-си“.

ФИА со­оп­шти де­ка ќе има не­о­дре­де­но од­ло­жу­ва­ње до­де­ка се про­ве­ру­ва­ат си­те ка­па­ци на шах­ти­те на па­те­ка­та, ко­ја, пак, бе­ше про­ве­ре­на и прог­ла­се­на за по­год­на за тр­ки од стра­на на ра­ко­вод­но­то те­ло ФИА пред да за­поч­не тр­ка­ње­то.

Глав­ни­от из­вр­шен ди­ре­ктор на Мек­ла­рен, Зак Бра­ун, со став:

– Мис­лам де­ка тоа не бе­ше за­тоа што беа пре­ки­на­ти сви­јо­ци­те. Тие не ште­деа ни­ка­кви тро­шо­ци за на­ста­нот. Тре­ба са­мо да раз­ра­бо­ти­ме што се слу­чи и да го по­пра­ви­ме тоа. Мис­лам де­ка ед­но­став­но згре­ши­ле.

Тим­ски­от шеф на Ви­ли­јамс, Џејмс Во­улс, истак­на де­ка мо­дер­ни­те Ф1-бо­ли­ди соз­да­ва­ат „огром­но ко­ли­чес­тво вшму­ку­ва­ње“ од нив­ни­те дол­ни ка­ро­се­рии и „тие са­мо до­жи­ве­а­ја си­ла што не ја оче­ку­ваа“.

Порт­па­ро­лот на ФИА, пак, ре­че:

– По инс­пек­ци­ја­та, от­пад­на бе­тон­ска­та рам­ка око­лу ка­па­кот на шах­та­та. Се­га тре­ба да ги про­ве­ри­ме си­те дру­ги ка­па­ци на шах­ти­те, за што ќе би­де по­треб­но из­вес­но вре­ме. Ди­ску­си­и­те за си­те мож­ни сце­на­ри­ја се во тек.

Но не е прв­пат ка­па­кот на од­во­дот да пре­диз­ви­ка проб­ле­ми на па­те­ки­те во Ф1. На трката во Азер­беј­џан во 2019 го­ди­на, пр­ви­от тре­нинг бе­ше отка­жан, ко­га Ви­ли­јамс на Џорџ Ра­сел удри во ка­па­кот на од­во­дот и бе­ше те­шко оште­тен. Во мо­мен­тот ко­га сесија­та беше пре­ки­на­та, во­за­чи­те са­мо што поч­наа да се за­поз­на­ва­ат со патеката. Фера­ри­то на Шарл Лек­лер бе­ше по­бр­зо за 2,5 се­кун­ди од бо­ли­ди­те на Хас на Ни­ко Хулкен­берг и Кевин Маг­ну­сен – пи­шу­ва „Би-би-си“.

Тр­ка­та бе­ше за­ка­жа­на за утре од 22 ча­сот по ло­кал­но вре­ме, од­нос­но од се­дум ча­сот на­у­тро в не­де­ла, по сред­но­е­вроп­ско вре­ме. Г.И.