ЏУДО

Викендов, џудо-клубот Сеишин од Прилеп настапи на два меѓународни турнира. Во Подгорица (Црна Гора) на меѓународниот меморија „Шќепан Симаниќ“, на кој настапија околу 320 натпреварувачи од 30 клуба од Црна Гора, БиХ и од Македонија, Сеишин, предводен од тренерот Дејан Мицкоски, учествуваше со пет џудисти/ки и беа освоени пет медали (по два златни и бронзени и еден сребрен). Прво место освоија Теодора Илиоска и Немања Џагадуроски, второ Тамара Илиоска, а трети места освоија Иван Јошески и Марко Ацески.
Во Софија (Бугарија), пак, се одржа 18-от меѓународен турнир „Олимпија“, на кој настапија околу 400 џудисти од седум држави (Бугарија, Грција, Турција, Србија, Словачка, Романија и Македонија). Сеишин настапи со четворица натпреварувачи и освои два медала. Сребрен медал освои Христијан Бунески, а бронзен медал Владан Стрезовски, предводени од тренерот Марио Тошески. Г.И.