Фотографијата Заоѓање на полната месечина над Охрид на авторот Ристе Спироски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Фотографијата е направена неколку часа по последното затемнување на месечина за оваа година од Охрид, Македонија. Имавме шанса да го фотографираме и затемнувањето кое и успеавме да го доловиме, но ја издвојувам оваа фотографија бидејќи не често може да се направи ваква композиција. Другарот Марио беше качен на кровот на зградата во 6 часот наутро и само 15 минути пред месечината да исчезне зад планината. Тоа беше доста голем предизвик за нас. Оваа фотографија ја испланиравме за време на затемнувањето кога со помош на апликација на телефонот искалкулиравме каде точно ќе заоѓа месечината, а каде Марио треба да стои во фотографијата – вели Спироски.
Утре фотографијата ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.