Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад денеска треба да се одржи вонреден самит што го свика Арапската лига на барање на Палестинците и Саудиска Арабија, а на кој ќе се разговара за војната во Газа.
Состанокот ќе биде фокусиран на „израелската агресија врз Газа“, се вели во соопштението на Арапската лига.
Лидерите на 22 земји на вонредниот состанок ќе се консултираат, координираат и разговараат за начините за справување со континуираната ескалација на окупираните палестински територии. Овој самит претставува 16-ти итен состанок на арапските лидери. На средбата ќе присуствува и иранскиот претседател Ибрахим Раиси, кој рече дека дошло време да се дејствува во врска со конфликтот во Газа.
Министрите за надворешни работи на лигата на подготвителниот состанок во четвртокот ја осудија „израелската окупација и нејзината агресија врз Појасот Газа“ и побараа земјата „да одговори за своите злосторства против палестинскиот народ“.
Арапските министри за надворешни работи, исто така, повикаа на „моментален прекинување на израелската агресија врз Палестинците…и за обезбедување на сите облици за поддршка за Палестина и нејзиниот народ“. Министрите за надворешни работи веќе повикаа на итно запирање на израелските напади врз Газа, на состанокот во Каиро веднаш по почетокот на војната на 7 октомври. Саудиска Арабија моментално претседава со групата.