Американскиот Стејт департмент издаде „предупредување за безбедносна претпазливост низ целиот свет“ за сите свои граѓани во странство, наведувајќи дека постои можност за напади.
– Поради зголемените тензии на различни локации низ светот, потенцијалот за терористички напади, демонстрации или насилни дејствија против граѓаните и интересите на САД, Стејт департментот ги советува американските граѓани во странство да бидат особено претпазливи – се вели во соопштението.
Тоа значи дека граѓаните на САД треба да бидат внимателни на туристичките места и да се пријават за да добиваат информации и предупредувања.