Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја напушти заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, за време на новинарски прашања, откако претседателот на Владата беше прашан од новинар на ТВ Алфа, дали во случај на неуспешни претседателски избори, поради високиот цензус, е подготвен да прифати претседател на државата да биде од ДУИ, со што, како што кажа новинарот, целата држава би била во рацете на ДУИ.
-Јас не треба да стојам на вакво прашање… – рече Битиќи од зад грбот на премиерот и замина од прес конференцијата.
-Прашањето беше апсолутно некоректно… Ќе повторам нешто што го кажав на мојот говор на 11 Октомври во Куманово. Денес во нашата држава имаме концепт за европска Македонија, којшто го предводи Владата и СДСМ. Што ги третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска и која било друга припадност. Меѓутоа, имаме појава е еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам – рече Ковачевски.