ФУДБАЛ – УЕФА
Пријавувањето за купување билети за Европското првенство (ЕП) в година во Германија почна вчера, преку официјалната платформа за билети на Европската фудбалска унија (УЕФА). Повеќе од 80 отсто од 2,7 милиони билети ќе бидат достапни за навивачите на репрезентациите учеснички и за пошироката јавност. Билетите ќе бидат достапни од 30 евра, а еден милион билети се достапни за помалку од 60 евра, пишува УЕФА. Над 1,2 милион билети ќе бидат достапни во периодот на аплицирање до 26 октомври годинава, уште еден милион билети ќе бидат пуштени во продажба по извлекувањето на групите за ЕП 2024 на 2 декември, а билети ќе бидат задржани за продажба за репрезентациите што ќе се пласираат на ЕП преку плејофот во март в година, пишува УЕФА. Платформата за препродажба на билети, пак, ќе им овозможи на гледачите да ги понудат своите билети за препродажба по номинална вредност преку официјалната платформа за билети на УЕФА, која ќе им овозможи на гледачите безбедно да купуваат билети од други гледачи преку официјалниот продажен канал на УЕФА, пишува УЕФА. ЕП 2024 треба да се игра од 14 јуни до 14 јули в година, во 10 града, Берлин, Келн, Минхен, Франкфурт, Хамбург, Дортмунд, Лајпциг, Гелзенкирхен, Штутгарт и Диселдорф.