Техно
Според податоците објавени на интернет-страницата ЕУИПО (European Union Intellectual Property Office), компанијата „Виво“ ќе пласира два нови мобилни телефона со механизам на преклопување.
„Виво“ моментално има стандарден паметен телефон на преклопување наречен „Х холд2“, како и вертикален преклопен модел наречен „Х флип“. Со оглед на фактот дека станува збор за водечки модели, сосема е можно идните модели „В флип“ и „С флип“ да се всушност телефони од средна класа.
„Моторола“ неодамна го претстави дуото „рејзер 40“, а основниот модел е телефон на преклопување со прифатлива цена. „Самсунг“ наводно размислува да направи подостапни телефони на преклопување.
Пазарот на уреди на преклопување сè повеќе созрева, технологијата на преклопен екран е поевтина, така што не е изненадување што доаѓаат подостапни телефони со преклопување.