Фудбалската репрезентација на Македонија славеше против Малта на гости со 2-0, со што ја прекина низата од три меча без победа во квалификациите за Европското првенство в година и остана во трка за второто место во групата Ц, кое носи пласман на континенталниот шампионат во Германија.
Елиф Елмас и Јован Манев беа стрелци во првото полувреме, при што на двајцата им асистираше Енис Барди.
Италија беше подобра од Украина со 2-1 во вториот вечерашен дуел од групата Ц.
Англија е водечка на табелата со 13 бода од пет средби, додека Италија, Украина и Македонија досега собраа по седум, со тоа што „аѕурите“ имаат еден натпревар помалку. Последна е Малта без бодови.
Во мечевите во октомври и во ноември Македонија треба да им гостува на Италија и на Украина и да игра дома со Англија. На континенталниот шампионат ќе играат првопласираните две репрезентации од секоја од 10-те квалификациски групи.