ШАХ – ЕП ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ
Македонските претставници освоија четири поени од можни 11 во првото коло на Европското првенство (ЕП) за млади во Мамаја (Романија), кое се игра во шест возрасни категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), во машка и во женска конкуренција. Момчињата освоија еден поен од можни шест, а многу поуспешни беа девојчињата, кои впишаа три победи од пет можни, или вкупно четири поени од 11. ЕП се игра во девет кола со стандардно време на размислување, а има вкупно 928 учесници од кои 556 момчиња и 372 девојчиња (13 ИМ, 61 ФМ, 21 ЖФМ), од 46 држави. Македонија нема свој претставник само во категориите до 10 години (момчиња) и до 18 години (девојчиња). Особено значајни победи остварија Делфина Огњановска, која победи противничка со рејтинг поголем за 583 поени, и Илијана Велева, со рејтинг поголем за 240 поени. Г.И.