Какво влијание има забавувањето на германската економија за македонските компании
Дваесет и седумте земји од ЕУ се најголем македонски трговски партнер, според вкупната размена на стоки и услуги, споредено со другите економски групации. Податоците од Државниот завод за статистика за трговската размена го потврдуваат тоа. Но она што загрижува во овој момент се неповолните прогнози што стигнуваат од германската централна банка, која очекува економијата на земјата да биде во стагнација и во третиот квартал, бидејќи тоа веќе беше присутно во првиот и вториот квартал годинава, со што практично се влезе во техничка рецесија.
Германија е технички во рецесија
Германскиот бруто-домашен производ стагнираше во вториот квартал, по падот во претходните два квартала, а Германија е технички во рецесија, погодена од високите цени на енергијата и зголемените каматни стапки. Меѓународниот поморски фонд во јули соопшти дека германската економија ќе биде единствената од најголемите светски економии што ќе забележи намалување оваа година, дури и поради слабиот економски раст низ светот во услови на зголемени каматни стапки и зголемена инфлација. Според експертите со кои се консултиравме, токму овие трендови можат да бидат и дополнителен ризик за македонските компании, кои имаат поголеми деловни врски со германските компании.
Надворешнотрговска размена со Германија
Македонскиот извоз во ЕУ достигна 3,6 милијарди долари, а сме увезле производи во износ од 2,9 милијарди долари, што е намалување од 5,3 отсто во однос на минатата година. Надворешната размена на Македонија со Германија, пак, бележи нагорни трендови и во увозот и во извозот.
Куриозитет е што и во услови на забавена економска активност во Германија, македонскиот извоз пораснал на 2,7 милијарди долари, или за 6,3 отсто во однос на истиот период лани. Македонскиот извоз изнесувал 2,07 милијарди долари и пораст од 6,1 отсто, а увозот од Германија растел со седум отсто и изнесувал 593 милиони долари.
Специфики на македонската текстилна индустрија во контекст на рецесијата во Германија
Македонската текстилна индустрија се соочува со проблемите што ги носи рецесијата во Германија. (Имено, текстилната индустрија, покрај проблемот со намалениот број на работници, има големи проблеми и со набавката на суровини.)
А во врска со релациите со Германија на полето на текстилната индустрија, дури 70 отсто од нашите текстилни производи завршуваат на германскиот пазар и се наменети за широка популација, односно најмногу за луѓето од средната класа, кои се всушност и најпогодени од високата инфлација и порастот на цените на производи за широка потрошувачка.
– Не можеме да кажеме дека нарачките се намалени, туку се забавени кај дел од фирмите. Зависи кога се направени нарачките, но, како и да е, се чувствува забавување. Нема јасна слика на повидок што ќе се случува во септември, па ни останува да се надеваме дека ситуацијата се должи на одморите – изјави Маријана Перковска, претседател на текстилниот кластер.
Ако продолжи германската рецесија, тоа ќе значи дополнително скратување на работењето на домашните производствени (не само текстилни) капацитети
На евентуалните последици од кризата во Германија предупредува и Ангел Димитров, управител на текстилната компанија „Мода“. Според него, стагнацијата ќе има влијание, но во моментов станува збор за техничка рецесија, а не за големи бројки. Намалената побарувачка во Германија ќе се одрази на помалите компании, кои практично се втора рака во процесот на производство, односно немаат директни контакти со одреден бренд.
– Ако кризата потрае, кај нив ќе се намали желбата за купување и тоа автоматски ќе ја намали побарувачката. Сето тоа кај нас ќе значи дополнително скратување на капацитетите – вели Димитров.
Во поголемиот дел од изминатите две децении, германската економија беше гигант. Нејзиниот производствен сектор беше зајакнат со компании од автомобилската индустрија. Германија испорачуваше милијарди долари луксузни возила, машини и други производи во светот секој месец, што доведе до големи трговски суфицити, кои беа сè поретки во напредните економии. Во текот на изминатата година, Германија наиде на тежок чекор. Нејзиното производство падна или стагнираше во секој од последните три квартали, а Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека ќе биде единствената економија од Групата седум што ќе се намали во 2023 година.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во перидот јануари-јуни 2023 година, изнесува 4.595.549 илјади американски долари и бележи пораст од 2,7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.985.944 илјади американски долари, што е за 8,4 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари-јуни 2023 година, изнесува 1.390.395 илјади американски долари. М.Ј.