Фотографијата Зајдисонце на Канео на авторката Александра Настова е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Обожавам зајдисонца поради нивната волшебна и спокојна убавина која секој пат ми ја плени душата. Привлечноста на зајдисонцето во близина на Канео е навистина неспоредлива, бидејќи живописните нијанси на небото се рефлектираат врз треперливите води на Охридското езеро создавајќи хипнотизирачка палета од бои. Секое зајдисонце е уникатно ремек-дело, кое ме потсетува дека и завршетоците често знаат да бидат прекрасни. Уживајте во зајдисонцата – бесплатни се! – вели Настова.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.