Гласање

Социјалистичката партија на Македонија како несериозни и неодговорни ги третира последните изјави на вицепремиерот Маричиќ дека Бугарија нема да прави пречки во стартот на евроинтеграцискиот процес доколку се усвојат уставните измени. Тој вели во стартот, но не е дециден што понатаму, што може да се очекува од соседната земја во следниот период, информираат од партијата.

Оттаму велат дека Маричиќ не е искрен, не ја говори вистината или има промашена перцепција за подготвеноста Софија да ја поддржи Македонија доколку се реализираат сите обврски од Протоколот.

– Тој и понатаму ја дезавуира јавноста со тезата дека кај Бугарите има добра воља за влез на државата во ЕУ, но тоа очигледно е дека не е така.
Неверојатно е како овој вицепремер сеуште не ги знае определбите на Бугарија со јасно утврдени стратешки определби за уништување на Македонија.
Маричиќ мора внимателно да ја прочита бугарската национална Доктрина за XXI век од 1996 год., која предвидува институционално рушење на македонизмот и на македонската држава. Сите бугарски државни органи, функционери и институции цврсто се придржуваат до оваа доктрина и не отстапуваат со ништо од зацртаната цел за непостоење на се што е македонско.
Маричиќ иако го знае тоа свесно го премолчува, манипулира со што ги навредува македонските граѓани и институциите кои ги претставува, за што ќе мора да понесе секаква одговорност.
Заедно со македонски премиер Ковачевски упорно работат за бугарската агенда, а на штета на македонските интереси. Затоа мора да се соочат со народот.
Оттаму, изборите се неопходност и тие треба да се закажат веднаш – велат оттаму.