Повторно гори депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“. Пожарникари со неколку возила го гаснат огнот, кој, брзо се шири заради високите температури.
Од Општина Карпош велат дека тие го пријавиле пожарот и нагласуваат дека депонијата постојано се пали и покрај сите преземени мерки.