Русија побара состанок со Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за минатогодишните експлозии на гасоводите „Северен тек“ во Црното Море, изјави денес висок руски дипломат.
Дмитриј Полјански, првиот заменик-претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, рече дека Русија побарала од Велика Британија да ги покани Данска, Германија и Шведска да достават извештаи за нивните истраги за експлозиите што се случија на нивните територии, пренесе „Анадолија“.