Манчестер стана вториот град што има два клуба европски прваци во фудбал, откако во саботата трофејот го освои Манчестер сити, а претходно трипати славеше Манчестер јунајтед. Прв град со ваков двоен успех беше Милано, од каде што се седумкратниот европски првак Милан и трикратниот шампион Интер. Други градови со по еден клуб што бил европски првак се Мадрид, Барселона, Ливерпул, Лондон, Нотингем, Бирмингем, Торино, Белград, Минхен, Дортмунд, Хамбург, Марсеј, Ротердам, Амстердам, Ајндховен, Букурешт, Лисабон, Порто и Глазгов. Вкупно 21 град во 10 земји.