Концертот на вокалниот ансамбл „Мелизма“ од Скопје вечерва (3 јуни) во 20 часот, во
црквата „Св. петнаесет тивериополски великомаченици“ како дел од програмата на второто издание на фестивалот на класична музика „Класичен меѓународен фестивал Струмица 2023“.
Најголемиот дел од програмата на фестивалот е посветен на камерната музика, се одржува до 9 јуни на неколку локации во Струмица.
„Мелизма“ е основан во октомври 2015 г. Ансамблот е камерен и има 12 – 16 члена, мешани гласови. Мисијата на ансамблот е да достигне врвни резултати во хорската музика, во земјава и надвор од неа. Нивниот концерт е закажан за 3 јуни, во 20 часот, во црквата „Св. петнаесет тивериополски великомаченици“. Диригентката на вокалниот ансамбл, Марија Андонова, досега го има потврдено искуството диригирајќи на различни манифестации и фестивали во земјава и во странство.
Мисијата на ансамблот е да достигне врвни резултати во хорската музика, во земјава, и надвор од неа.
-Нашата љубов кон музиката има за цел да ги исполни сите оние кои ја слушаат. Вокалниот Ансамбл „Мелизма“ исполнува музика од различни култури, и нашата цел е пеејќи да допреме до човечките срца – истакнуваат од Ансамблот.
Целта при реализацијата на фестивалот е претставување на врвните македонски уметници што ја негуваат камерната музика, но и гости од соседните земји, Европа и пошироко.
-Годинава имаме гости уметници од Словенија, Србија и од Бугарија, како и наши познати камерни состави, и секако се трудиме и овој пат да понудиме квалитетна и атрактивна програма и камерни состави на задоволство на сите – истакнува Васил Атанасов.