Градот Њујорк усвои закон со којшто се забранува дискриминација врз основа на тежина. Градските советници кои го поддржаа Законот, сметаат дека луѓето со вишок килограми имаат тешкотии во рестораните и театрите. Се истакнува дека тие лица се дискриминирани и при доделувањето велосипеди од градските власти.
Од друга страна, лидерот на опозицијата во Градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели изјави дека е загрижен оти Законот можеби ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого за сè.
– Имам прекумерна тежина, но не сум жртва. Никој не треба да се чувствува лошо за мене освен копчињава од кошулата – изјави Борели за „Њујорк тајмс“.
Во САД, повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а испитувањата покажуваат дека дискриминацијата е сеприсутна.