На церемонијата за отпочнување на изградбата на коридорот 10Д
Подиум со автопатски линии, пулт со натписот „10Д“ и вицепремиерот Артан Груби со маица со истата ознака. Вака изгледаше церемонијата за отпочнување на изградбата на коридорот 10Д. Груби кажа дека е среќен што денот ќе го сподели денот со присутните, па на премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари на поддршката за проектот за коридорите 8 и 10Д. Преку собранискиот претседател Талат Џафери им се заблагодари и на пратениците. Од пултот неколку минути имаше и низа други поздрави.
– Овој проект продолжува и сите Влади, а следната секако ќе биде истата како оваа денеска, ќе го заврши овој проект, ќе ги пресече лентите. Втората порака денеска ми е тоа што го гледате денеска во Собрание и тоа што Владата го направи е порака дека е дојден крај на заложништвото на Собранието, проектите и иднината на граѓаните. Ова мнозинство, демонстрира како значи да се стави крај на блокадата. Од денес при изградба на вакви проекти, упатувам порака дека е дојдено време од денеска да ставиме крај и на блокадата на нашето европско интегрирање – кажа Груби.
Груби кажа дека тој е качен на воз, па ги покани и другите, велејќи им „овој воз вози кон Брисел и никој не може да го сопре“.
На претходната церемонија за коридорот 8, Груби се појави со маица со бројот „8“, што подоцна ја подари на новинар.