Техно

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја вклучи играта „Фортнајт“ во натпреварувањето во финалето на Олимписките дигитални спортови, во кое играчите од серијата на шампиони на „Фортнајт“ ќе се натпреваруваат на посебен креативен остров на „Фортнајт“. Меѓутоа, веднаш треба да се истакне дека нема да има класична борба и градење, туку прецизно гаѓање цел, односно стрелаштво, а тоа ќе претставува можност јавноста да види некои од најдобрите виртуелни спортски стрелци во акција.
МОК ја започна продажбата на билети за Олимписката недела на спортови, која се фокусира на првото финале во живо. Ќе се одржи во Сингапур помеѓу 22 и 25 јуни, а натпреварот „Фортнајт“ е закажан за 24 јуни. Сите настани ќе бидат достапни за следење преку Олимпикс.ком и поврзаните канали на социјалните медиуми.
Серијата олимписки е-спортови веќе вклучи девет натпревари што се приближно во согласност со реалните спортови, управувани од меѓународни федерации. Меѓу нив се „Џаст денс“, „Гран туризмо“, „Свифт велосипедизам“, па дури и веб-шах. Тоа е продолжение на олимписката виртуелна серија од 2021 година, која „покри“ пет дигитални спорта.
МОК го гледа ова како дел од пошироките напори за зајакнување на е-спортот и поврзување со заедницата на видеоигри. Додавањето на „Фортнајт“ на листата е во согласност со целите на МОК за е-спорт, бидејќи тоа е „мирно натпреварување“ со физички еквивалент.