Lukas

Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во текот на ноќта во обид да биде убиен претседателот Владимир Путин, потврди руската претседателска администрација.

Жителите на Москва пријавиле дека слушнале две експлозии зад ѕидините на Кремљ веднаш по 2 часот по полноќ по локално време. Снимката споделена на Телеграм од жителите го сними инцидентот – се гледа како чад над небото над Кремљ.

Сега, властите велат дека станува збор за дрзок напад од Украина со помош на два дрона што биле уништени.

Нема информации за повредени, јавија руските медиуми.

Кремљ, оквалификувајќи го инцидентот како „планиран терористички напад“ и „обид за атентат врз претседателот на Русија“, сега се заканува дека ќе преземе „одмазднички мерки“, јавија западни медиуми.