Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ќе сe одржи в сабота, а персоналот на кралското семејство и палатата неуморно работат за да се осигурат дека церемонијата ќе помине во најдобар ред.
Пред саботниот настан, престолонаследникот Чарлс има преполн дневник обврски и состаноци од висок профил со светски лидери, од кои многумина отпатувале во Обединетото Кралство за да бидат во конгрегацијата за службата во Вестминстерската опатија.
Десетици светски лидери и шефови на држави се поканети на историската церемонија, додека милиони се очекува да ја гледаат на телевизија. На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето. Од кабинитетот на Пендаровски за МИА потврдија дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс. Претседателот Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше и на Државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември минатата година.
Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави за локални медиуми неименуван извор. Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите наводно биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.
Денес, монархот и другите членови на кралското семејство ќе бидат домаќини на првата „Гарден парти“ во годината, пречекувајќи ги гостите во Бакингемската палата попладне со чај и колачи.
Во меѓувреме, во САД, принцот Хари ќе се подготвува да се врати во својата татковина за настанот. Постои загриженост за безбедноста на големиот ден, откако чаури од сачмарка беа фрлени во дворот на Бакингемската палата.
Говорејќи потоа, министерот за внатрешни работи Том Тугендат рече дека настанот ќе вклучи една од најважните безбедносни операции што некогаш биле преземени во земјата. Исто така, постојат одредени грижи за временските услови за претстојниот викенд, во кој многу луѓе ќе се соберат на улични забави, бидејќи метереолозите предвидуваат дожд на големиот ден на кралот.