Досегашната началничка на интерното одделение, д-р Елизабета Ивановска, е именувана за в.д. директорка на клиничката болница во Битола. Таа е специјалист интернист и субспецијалист пулмолог.
Вакво решение донесе министерот за здравство д-р Фатмир Меџити по
оставката на сега веќе поранешниот директор на болницата Александар Обедниковски, поднесена поради морални причини.
Во битолската болница имаше два смртни случаја на деца во изминатите три недели. Петгодишната Јана почина на 22 март на Педијатриското одделение во болницата, а пред два дена почина новороденче.
Во Битола по смртта на Јана одржани се два протестни митинга, а трет е закажан за утре во 17 часот, при што битолчани ќе протестираат поради двата смртни случаја. М.М.