Битолчани, утре со почеток во 17 часот повторно ќе излезат на протест поради смртта на новороденчето, кое завчера почина на Одделениетие за гинекологија и 5-годишната Јана Христовска која почина на 22 март на Педијатриското одделение во болницата.

Овој пат протестот, наместо на плоштадот, пред Магнолија ќе биде пред Клиничаката болница во Битола. Според најавите на организаторот на протестот ќе се протестира со сирени и молк.

-Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме, а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме… Нека сирената ја означи алармантната состојба во Клиничката болница, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги создадеме час поскоро за да спасиме нечии живот – најави Игор Петковски, кумот на Јана кој е организатор на протестите.

Инаку по смртта на новороденчето денеска до министерот за здравство Фатмир Меџити, како морален чин оставка официјално поднесе директорот на болницата Александар Обедниковски, кој на оваа функција се задржа само една неполна година.
М.М.