Двојки во плејофот се Кливленд – Њујорк, Филаделфија – Бруклин, Феникс – ЛА клиперс и Сакраменто – Голден стејт, а Милвоки, Бостон, Денвер и Мемфис ќе ги добијат своите противници откако ќе заврши баражот

КОШАРКА – НБА

Голден стејт е во плејофот, Леброн Џејмс со Лос Анџелес лејкерс ќе игра на плејин-турнирот во кошаркарската НБА-лига. Лос Анџелес клиперс го победи Феникс и го освои петтото место и дуел со Феникс во првото коло од плејофот. Голден стејт го имаше својот натпревар со најмногу поени во речиси 33 години, совладувајќи го Портланд, со 157-101, и го освои шестото место, за автоматско место во плејофот и меч во првото коло со Сакраменто. Голден Стејт водеше дури со 59 поени на тој натпревар, најголемо водство од која било екипа цела сезона.
Засега се познати неколку двојки во плејофот, кој почнува на 15 април, и тоа Кливленд – Њујорк, Филаделфија – Бруклин, Феникс – ЛА клиперс и Сакраменто – Голден стејт. Водечките екипи по регуларниот дел од сезоната, Милвоки, Бостон (од Источната конференција), Денвер и Мемфис (од Западната конференција) ќе ги добијат своите противници откако ќе заврши баражот за влез во плејофот.
Победникот на дуелот ЛА лејкерс – Минесота ќе се сретне со подобриот од дуелот Њу Орлеанс – Оклахома, за да ги одредат седмиот и осмиот тим на Западот. Во Источната конференција, пак, во баражот ќе играат Мајами – Атланта и Торонто – Чикаго. Н.М.