Нега и убавина
Доколку имате проблеми со опаѓање на косата, проретчена или само разредена коса, веруваме дека сте пробале различни начини да го забрзате нејзиниот раст. Иако растот на косата најчесто се припишува на генетиката, тоа не значи дека не можете да влијаете на тоа, а освен неколку клучни трикови, еднакво е важно да се вооружите со трпение и адекватни производи. Не треба да ги игнорирате ниту другите фактори: хормонална нерамнотежа, стрес, прекумерна изложеност на косата на апарати со висока топлина итн. Сето ова може да биде причина за слаб квалитет на косата, опаѓање и забавен раст.
Инфлуенсерката Моник М Рапиер, чии совети за нега на коса ги следат речиси 150 илјади луѓе, сподели видео во кое чекор по чекор објаснува како од тенка и безживотна коса стигнала до бујна и густа коса. Во шест чекори, таа објасни што користи за раст на косата, од кои првите два се однесуваат на навиките пред спиење.
– Најмалку двапати неделно ја масира косата со масло што го поттикнува растот на косата, а потоа ја остава маската да дејствува прекуноќ. Маслата што ги користи се: рицинусово масло, масло од црн ким или масло од рузмарин.
– Спие со свилена марама или на свилена навлака за перница.
– Косата ја суши само до под ушите. Овој трик не само што помага да не ви се стутка косата, туку и овозможува вашата коса да расте без никакво оштетување.
– Консумира биотин и силно им го препорачува на сите бидејќи помага за зајакнување на косата.
– Открива дека на косата ѝ требаат повеќе протеини и почнала да користи оризова вода што го поттикнува растот.
– Шампонот за длабинско миење го користи еднаш неделно. Токму овој шампон помага во одржување на вашата коса здрава, а потоа поттикнува нормален циклус на раст на косата.