По едногодишна забрана која беше воведена поради војната во Украина, тенисерите од Русија и Белорусија ќе можат ова лето да настап на грен – слем турнирот во Вимблдон, одлучија организаторите.
Раководството на турнирот лани еднострано одлучи да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки.
– Го прифаќаме доаѓањето на тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија. Тие ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти без какви и да е национални обележја. Исто така забрането ќе биде какво и да е изразување поддршка на инвазијата која Русија ја спроведува врз Украина – соопштија организаторите на Вимблдон.
Во соопштението се прецизира дека ниту еден тенисер од овие две земји не смее да има спонзор поврзан на кој било начин со раководствата на Русија и Белорусија.