Најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во пакистанскиот град Карачи, во метеж што се случи во Рамазанскиот центар за делење храна и пари, соопштија денеска полицајци и спасувачи.
Сопствениците на компании често делат пари и храна за време на исламскиот празник Рамазан, особено на сиромашните, а опустошениот од поплавите Пакистан се соочува со високи цени на храната.
Стотици жени и деца се туркале во обид да земат храна во фабрика во индустриската област.
– Кога толпата ја фати паника, некои жени и деца паднаа во отворен одвод – соопшти полицијата, а мештаните велат дека ѕидот до одводот исто така се урнал, при што загинаа неколку лица.
A truck carrying flour looted in Peshawar, Pakistan as the country faces it’s worst economic and political crisis since formation and is on the verge of debt default.
Catastrophic flooding, exploding inflation, energy shortages and food shortages …
— Wall Street Silver (@WallStreetSilv) March 28, 2023
Според полицијата, загинале осум жени и три деца, а неколку се повредени.
Истрагата е во тек, а приведени се неколку вработени во фабриката.
Од полицијата велат дека не знаеле за акцијата за делење храна и пари, бидејќи сопственикот на фабриката не испратил известување дека планира такво нешто.