Лионел Меси

ФУДБАЛ

Аргентинецот Лионел Меси стана третиот фудбалер што постигна повеќе од 100 гола во репрезентативниот дрес. Тој го стори тоа со трите гола уште во првото полувреме во пријателскиот меч во Сантијао дел Естеро (пред 42.000 гледачи), против Курасао (7-0), со што стигна до 102 погодока. Капитенот на Аргентина сега е дел од посакуваниот клуб со постигнати 100 меѓународни гола. На оваа листа се и Португалецот Кристијано Роналдо (122 гола) и Иранецот Али Даеи (109 погодока). За капитенот на фудбалската селекција на Аргентина ова беше 57. хет-трик во кариерата, а деветти во дресот на репрезентација. Г.И.