Министерството за надворешни работи, во текот на вчерашниот ден, стапило во контакт со колегите од Србија, при што е упатена реакција со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани на ракометниот натпревар помеѓу Партизан и Вардар, одигран завчера во Белград, од страна на навивачката група на домашниот клуб.
Не можам веќе да навивам за Партизан по говорот на омраза на „Гробарите“
– Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји – се вели во соопштението од МНР.
Српската страна, преку својата амбасадорка во Македонија изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци, кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји.