Густ црн чад се шири од Железара кон центарот на Скопје.
Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, вели дека пожарот е кај Смилковското Езеро, но веќе е под контрола.
– Горат трска и гуми на Смилковското Езеро. Пожарникарите веќе интервенираат – кусо изјави командантот Томевски за „Макфакс“.
Чадот се забележува и од Центар, а жители на Автокоманда се пожалија дека се чувствува и смрдеа.