Судбината на кандидатурата на Финска за членство во НАТО е во рацете на Турција, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.
Финска и Шведска поднесоа барања за влез во НАТО во мај по руската инвазија на Украина. Сепак, членката на алијансата Турција се спротивставува на нивното членство, обвинувајќи ги за засолнување организации што ги смета за терористички.
Финскиот Парламент одлучи денеска да гласа на 28 февруари за да ја одобри потребната легислатива за да и се овозможи на земјата да стане членка на НАТО, изјави претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи Јуси Хала-ахо.
– Ова е израз на нашата волја. Позицијата на Турција кон нашата волја и исклучиво и само во рацете на Турција – изјави Нинисто на маргините на Минхенската безбедносна конференција.