Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се искачи над 15.383, соопштија денеска турските и сириските власти.
Турската агенција за вонредни ситуации денеска соопшти дека бројот на жртви во Турција се зголемил за повеќе од 3.000 за неколку часа и сега изнесува 12.391.
Вкупниот број на загинати во Сирија е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според групата за цивилна одбрана Бели шлемови, додека 1.262 лица загинале во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, објавија сириските државни медиуми, пренесе Танјуг.