Од денес, закупците на тезги за продажба на текстил во Градскиот пазар во Битола, имаат нов реновиран затворен простор, со современи услови кои одговараат на потребите на продавачите и купувачите.
Во текот на оваа недела, комплетно ќе биде завршено и расчистувањето на отворениот дел од пазарот каде што до неодамна закупците продаваа текстил.
Со овие активности, просторот целосно ќе го промени својот изглед, а континуирано се работи и на нови проекти за подобрување на условите и хигиената во Градскиот пазар.
М.М.