Оценето е дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан, каде што географски и припаѓа регионот. Дека за ова постои свесност и во Европската Унија и после 17 години од кандидатскиот статус и јулското отворање на преговорите лани, ова е момент што Македонија годинава не треба да го пропушти.
Премиерот Ковачевски нагласи дека Владата работи на справувањето со предизвиците од економско-енергетската криза, на потребните реформи и со европски начин на однесување во добрососедските односи.
Ковачевски изрази уверување дека нема да се дозволи, провокациите коишто доаѓаат од трети страни да наштетат на европската агенда на државата и на билатералните односи со Република Бугарија.
На средбата е разговарано и за досегашната успешна реализација на билатералниот скрининг со ЕУ.