Светската здравствена организација (СЗО) повика на „итна и конкретна акција“ за заштита на децата од контаминирани лекови.
Во соопштението на ЗСО, пренесено од британските медиуми, се наведува дека минатата година имало многу случаи на сомнителни контаминирани сирупи за кашлица.
Според СЗО, во Гамбија, Индонезија и Узбекистан од акутна бубрежна болест во 2022 година починале речиси 300 деца, а овие смртни случаи потенцијално биле поврзани со контаминирани лекови.