Полицијата вчера во струшкото село Велешта ги лишила од слобода А.М.(32) и Д.Р.(21), двајцата од село Долна Белица за незаконит лов.
Тие биле затекнати во незаконит лов, кај месноста „Бегова шума“, атар на селото Делогожда, а при преглед во патничкото возило „голф“, со кое се превезувале, полициските службеници пронашле и одзеле пушка за која немале соодветни документи и уловен дивеч.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.