Во Министерството за здравство се разговараше за воведување целосна забрана за извоз на лекови од Бугарија, но тоа не е законски, бидејќи според европските конвенции забрана може да се воведе само во вонредна епидемиолошка состојба, изјави денеска технички министер за здравство на Бугарија Асен Меџидиев.
– Доколку некоја земја воведе таква забрана, ќе има уште поголем недостиг, затоа апелираме до Европската комисија за заедничка акција – истакна Меџидиев.
Според него, во Бугарија во моментот најзабележителен недостигот од антибиотици, антипиретици и антихипертензивни лекови.
Меџидиев додаде дека недостиг на такви лекови има во 25 држави од ЕУ „бидејќи голем дел од супстанциите што се користат за производство доаѓаат од Кина и Индија, и од таму има недостиг“.