РЕК „Осломеј“ од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.
– Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем. Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК „Битола“ и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3“ – се вели во соопштението на компанијата.
Производената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.