Добитниците на Нобеловата награда за мир го повикаа светот да не го положува оружјето во војната во Украина. Добитници на наградата се белорускиот активист Алес Бјаљацки, кој се наоѓа во белоруски затвор, руската невладина организација Меморијал, распуштена по наредба на руското правосудство и Украинскиот центар за граѓански слободи (ЦЦЛ).
Ним им беше доделена Нобеловата награда за мир за нивната посветеност на „човековите права, демократијата и мирниот соживот“ против авторитарните сили.
– Народот на Украина сака мир повеќе од кој било друг во светот. Но, мирот во нападната земја не може да се постигне со полагање оружје. Тоа не би бил мир, туку окупација – рече шефицата на Центарот за граѓански слободи (ЦЦЛ) Олександра Матвијчук.
Во интервју за АФП непосредно пред доделувањето, Матвијчук рече дека го напишала својот говор на свеќи поради бомбардирањето на енергетската инфраструктура на Украина.
Во деветте месеци од руската инвазија, ЦЦЛ броеше, како што наведува, „повеќе од 27.000 епизоди“ на воени злосторства, а тоа е „само врвот на ледениот брег“.
– Војната ги претвора луѓето во бројки. Затоа, сите жртви на воени злосторства мора да имаат име – порача таа.