Повредите, замените, проверките на ВАР и прославите на головите се фактори што резултираат со губење вистинска минутажа, која сега се компензира (најдолго се играло на мечот Франција – Австралија, 67 минути и 30 секунди). „Луѓето сакаат да гледаат фудбал, повеќе фудбал. И од нас, ФИФА и од ИФАБ со години се бара да направиме нешто во врска со тоа. Мислам дека е важно да им понудиме добро шоу и добра забава на публиката и на оние што гледаат на телевизија“, рече Колина, претседателот на Судискиот комитет на ФИФА
Натпревари со помалку од 50 минути реално време на играње е нешто што се случува веќе некое време. Луѓето сакаат да гледаат фудбал, повеќе фудбал. И од нас, ФИФА и од ИФАБ со години се бара да направиме нешто во врска со тоа, изјави претседателот на Судискиот комитет на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Пјерлуиџи Колина, кој пред почетокот на Светското првенство (СП) во Катар најави дека ќе биде компензирано изгубеното време поради различни специфични настани на натпреварите.
Целта беше да се зголеми реалната минутажа, а од анализите направени на веќе одиграните натпревари, јасно е дека се направени вистинските чекори за да се постигне тоа, пишува ФИФА на својата интернет-страница.
– Веќе направивме нешто на оваа тема на СП 2018. Ги замоливме судиите да се обидат попрецизно да го пресметаат количеството прекини за минутите што ги додаваат на крајот од секое полувреме – вели Колина.
Поради тоа „ФИФА тим еден“, колективното име дадено на 129-те судии на натпреварите на СП во Катар, доби јасни упатства.
– Им посочивме на нашите судии некои специфични настани што треба да се земат предвид со точно време, особено временската рамка за повреди на играчите. Ова веќе беше пресметано, се разбира, но видовме дека многу повреди бараат повеќе од една минута третман – објасни Колина.
Замените, кои сега се до 10 на еден меч (претходно беа шест), проверките со системот видеопомошник-судија (ВАР) и прославите на головите се други фактори што резултираат со губење вистинска минутажа, а овој пат се компензира, што резултира со реално време на игра од речиси еден час на досега одиграните средби, што е значително зголемување, пишува ФИФА. Најдолг меч е Франција – Австралија (67 минути и 30 секунди), но тоа може да се објасни со фактот дека просечното време на дополнување се зголеми на десет минути.
– Ако погледнеме на СП во Русија, просечното време на прекин беше шест и пол минути. Таму имаше максимум шест замени во споредба со десетте сега, и ако го приспособиме тоа соодветно со четирите дополнителни замени, можеме да претпоставиме уште една дополнителна минута. Така, отидовме од еквивалент на седум и пол минути во Русија на десет минути во Катар, што не е драматична промена, но ни нуди можност да имаме во просек речиси 59 минути реално време за играње. Многу сме среќни со овој резултат. Повратните информации беа позитивни, особено од публиката. Немаше никакви негативни реакции од луѓето што ги сретнав. Мислам дека е важно да им понудиме добро шоу и добра забава на публиката и на оние што гледаат на телевизија – рече Колина.
И одбраната се истакна во напаѓачкиот Бразил на СП 2022
И покрај сета напаѓачка моќ што ја донесе Бразил на фудбалското Светско првенство (СП) во Катар, одбраната најмногу импресионира кај петкратниот шампион, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Бразил по два меча допрва треба да дозволи шут во голот, а голманот Алисон беше главно гледач.
Дефанзивниот играч за врска Касемиро беше речиси перфектен во првата линија на одбраната, а централните дефанзивци Тиаго Силва и Маркињос се претставија на високо ниво од самиот почеток, пишува АП.
– Одржавме добри перформанси во одбраната. Тоа им дава самодоверба на нашите играчи напред, имаат поголема слобода да напаѓаат – рече Тиаго Силва (38), еден од ветераните во бразилскиот тим.
Добрата одбрана на тимовите на селекторот Тите не е новост. Во 78-те натпревари на Бразил под негово раководство во националниот тим, Селесао прими само 27 гола. Тој го предводеше Бразил до 59 победи, а има и 14 нерешени и пет порази.
Последен пат Бразил не прими гол во групната фаза на едно СП во 1986 година, кога на турнирот во Мексико играше во група со Шпанија, Алжир и со Северна Ирска. Тите избра офанзивна екипа за Светското првенство, носејќи девет напаѓачи во Катар.
СП 2022, ТРЕТО КОЛО
ГРУПА А
Еквадор – Сенегал 1-2
Холандија – Катар 2-0
Табела
Холандија 3 2 1 0 5-1 7
Сенегал 3 2 0 1 5-4 6
Еквадор 3 1 1 1 4-3 4
Катар 3 0 0 2 1-7 0
ГРУПА Б
Иран – САД 0-1
Велс – Англија 0-3
Табела
Англија 3 2 1 0 9-2 7
САД 3 1 2 0 2-1 5
Иран 3 1 0 2 4-7 3
Велс 3 0 1 2 1-6 1
ГРУПА Ц
Полска – Аргентина 0-2
Саудиска Арабија – Мексико 1-2
Табела
Аргентина 3 2 0 1 5-2 6
Полска 3 1 1 1 2-2 4
Мексико 3 1 1 1 2-3 4
С. Арабија 3 1 0 2 3-5 3
ГРУПА Д
Австралија – Данска 1-0
Тунис – Франција 1-0
Табела
Франција 3 2 0 1 6-3 6
Австралија 3 2 0 1 3-4 6
Тунис 2 1 1 1 1-1 4
Данска 3 0 1 2 1-3 1
ГРУПА Е
Јапонија – Шпанија синоќа
Костарика – Германија синоќа
Табела
Шпанија 2 1 1 0 8-1 4
Јапонија 2 1 0 1 2-2 3
Костарика 2 1 0 1 1-7 3
Германија 2 0 1 1 2-3 1
ГРУПА Ф
Хрватска – Белгија синоќа
Канада – Мароко синоќа
Табела
Хрватска 2 1 1 0 4-1 4
Мароко 2 1 1 0 2-0 4
Белгија 2 1 0 1 1-2 3
Канада 2 0 0 2 1-5 0
ГРУПА Г
Србија – Швајцарија 20 ч.
Камерун – Бразил 20 ч.
Табела
Бразил 2 2 0 0 3-0 6
Швајцарија 2 1 0 1 1-1 3
Камерун 2 0 1 1 3-4 1
Србија 2 0 1 1 3-5 1
ГРУПА Х
Гана – Уругвај 16 ч.
Јужна Кореја – Португалија 16 ч.
Табела
Португалија 2 2 0 0 5-2 6
Гана 2 1 0 1 5-5 3
Ј. Кореја 2 0 1 1 2-3 1
Уругвај 2 0 1 1 0-2 1
ОСМИНАФИНАЛЕ
1. Холандија – САД сабота, 16 ч.
2. Аргентина – Австралија сабота, 20 ч.
3. Франција – Полска недела, 16 ч.
4. Англија – Сенегал недела, 20 ч.
5. Е1 – Ф2 понеделник, 16 ч.
6. Г1 – Х2 понеделник, 20 ч.
7. Ф1 – Е2 вторник, 16 ч.
8. Х1 – Г2 вторник, 20 ч.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 9.12
Победник 5 – Победник 6 9.12
Победник 3 – Победник 4 10.12
Победник 7 – Победник 8 10.12