Во експлозија на гас во петкатница на рускиот остров Сахалин, за сега, загинале девет лица, од кои четири деца, информираше денеска, 19 ноември, гувернерот на областа, Валери Лимаренко, пренесуваат рускитете РИА Новости и ТВ Русија 24.
Гувернерот Лимаренко, за ТВ Русија 24 изјавил дека е во тек потрагата по уште едно лице, а според последните информации, повредени се девет луѓе.
Претходно, руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека имало експлозија на гас во петкатна станбена зграда на Сахалин. Локалните власти изјавија дека, според првичните информации, причина за експлозијата е несоодветно складирање и ракување со боци со гас за домаќинствата, јавија руските медиуми.