Вкуп­но 3,5 по­е­ни од 11 мож­ни е епи­ло­гот по пр­во­то ко­ло на 11-те ма­ке­дон­ски
прет­став­ни­ци, од кои шест ша­хи­сти во пет во­зрас­ни ка­те­го­рии (10, 12, 14, 16, 18 години) и пет ша­хис­тки во три во­зрас­ни ка­те­го­рии (12, 14, 16 години), на Европ­ско­то пр­венс­тво (ЕП) за мла­ди, кое во де­вет ко­ла се игра во Ан­та­ли­ја, Тур­ци­ја.
Цел по­ен од Македонците ос­тва­ри­ја Ан­тон Зла­тков (до 16 год.), ФИДЕ-мајсторот Емил Ри­сте­ски (до 18 години) и Ле­о­нид Пе­тре­ски (до 18 години), до­де­ка Мо­ни­ка Же­жов­ска (до 14 години) ре­ми­зи­ра. Осо­бе­но за обе­ле­жу­ва­ње е по­бе­да­та на Пе­тре­ски (2.122 рејтинг-поени, ран­ги­ран 61.) со цр­ни фи­гу­ри, ко­ја му до­не­се и но­ви 32 реј­тинг-по­е­ни про­тив ФМ од Сло­ве­ни­ја Јан Марн (ран­ги­ран 19.), со реј­тинг по­го­лем од Пе­тре­ски за 143 по­е­ни (2.365). 
На ЕП за мла­ди во си­те ка­те­го­рии игра­ат вкуп­но 1.001 учес­ник од 46 др­жа­ви, од кои 17 интернационални мајстори, 5 женски интернационални мајстори, 71 ФИДЕ-мајстор, 27 женски ФИДЕ-мајстори.
Попладнево се игра второто коло.
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
 
То­прак Оз­гур (Тур­ци­ја, 1.749) – Ни­ко­ла Пе­тров­ски (1.387)  1-0
 
Ан­дреј Ива­нов (1.483) – Ати­ла Ку­ру (Тур­ци­ја, 1.855)  0-1
 
Кри­сти­јан Ла­зов­ски (1.411) – Ти­хон По­пов (Ру­си­ја, 1.994)  0-1
 
Ан­тон Им­пи­ва­ра (Фин­ска, 1.568) – Ан­тон Зла­тков (2.107)  0-1
 
ФМ Емил Ри­сте­ски (2.371) – Ма­рат Ша­ки­ров (Ру­си­ја, 2.128)  1-0
 
ФМ Јан Марн (Сло­ве­ни­ја, 2.365) – Ле­о­нид Пе­тре­ски (2.122)  0-1
 
Ива­на Вел­ко­ска (1.086) – Со­фи­ја Ва­лен­те (Пор­ту­га­ли­ја, 1.440)  0-1
 
На­де Сми­лев­ска (1.020) – Ни­са Се­лик (Тур­ци­ја, 1.424)  0-1
 
Ре­зан Остаи (Тур­ци­ја, 1.297) – Мо­ни­ка Же­жов­ска (1.654)  ре­ми
 
Ин­џи Ајра­ди­но­ска (1.486) – Анум Ше­ик (Анг­ли­ја, 1.851)  0-1
 
Ми­ха­е­ла Зр­ма­нов­ска (1.497) – ЖФМ Ро­нит Ле­ви­тан (Изра­ел, 1.989) 0-1
 
 
Г.И.