Првото рочиште од судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, е закажано на 15 декември, по обвинението против него за злоупотреба на службената положба и овластување.
Процесот ќе го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, која му суди и на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски, во процесот „Софтвери“.
Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 година до јануари годинава во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.