Вардар одигра реми без голови против Ренова во рамките на 11-то коло од Првата фудбалска лига.
За Вардар ова е втор натпревар во низа без победа, но останува да биде лидер на табелата со 24 поени, односно два повеќе од Шкендија.
На натпреварот во Тетово актуелниот шампион Шкендија убедливо ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 5:1.
Шкендија поведе со голот на Висар Муслиу во 42-та минута, а пред самиот крај на првиот дел Бесарт Ибраими зголеми на 2:0.
Во второто полувреме Христијан Кировски го намали резултатот на 2:1, а Бесрт Ибраими со неговиот втор гол во 72-та минута зголеми на 3:1 за Шкендија. Валмир Нафиу со два гола во самиот финиш на натпреварот ги постави конечните 5:1.
На останатите натпревари од колото Академија Пандев со 3:0 убедливо ја победи Беласица, додека Силекс го совлада Работнички со 2:0, а Победа оствари триумф против Шкупи од 2:0.