Државјанка на Србија е уапсена во германскиот град Фрајбург под сомнение дека го полила со бензин влезот на окружниот суд и го запалила.
Инцидентот се случил завчера околу 11.40 часот, а повредени се три лица. Веднаш по пријавата на местото на инцидентот пристигнале 24 пожарникари. Според полицијата, средовечна жена истурила бензин на влезот и потоа го запалила. Во таа прилика упатила разни навреди и пцовки, а потоа побегнала со автомобил. По некое време таа се предала во придружба на нејзиниот адвокат.
– Има многу индиции дека нејзиното кривично дело е поврзано со една постапка пред судот. Полицијата не сакаше да каже дали жената во тој случај е означена како осомничена, односно жртва или сведок – пишуваат германските медиуми.
Откако таа го подметнала пожарот, системот за пожар се исклучил и очевидец повикал 911. Зградата е делумно евакуирана поради силен чад, а три лица се повредени.