Управниот одбор на АД ЕСМ ја разгледа информацијата подготвена од ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје, во врска со истражувањето на пазарот и пристигнатите информации за набавка на природен гас за снабдување со кризата со топлинска и со електрична енергија и го задолжи правното лице да испрати допис до трите компании кои се пријавија на тендерот со цел да ги допрецизираат информациите и да достават конечни понуди, информираат од АД ЕСМ.
– Управниот одбор го задолжи ЕСМ Продажба да ја појасни информацијата преку испраќање допис до трите компании со барање да ги допрецизираат своите информации кои ги испратиле и истите да достават конечни понуди за месец ноември за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, и понуди за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ-ТО, од која исто така е побарана информација дали тие самите имаат обезбедено природен гас и за кој период. Оваа информација е потребна бидејќи ТЕ-ТО произведува и електрична енергија, но и топлинска енергија која влегува во системот на парно греење на градот Скопје – прецизираат од ЕСМ.